– Имаме опрема којашто може да е рамна на опрема којашто се користи во европските земји, но сепак треба институциите на системот малку повеќе да обрнат внимание на противпожарната професиија, служба, опремувањето соодветно и се што е потребно. Се тоа што ќе се вложи во обновување и во купување на таква професионална опрема секако дека ќе се врати позитивно, затоа што замислете која е загубата ако изгубите три стана, изгорат три стана. Се оштетува тоа што е стекнато, фактички се оштетува се што е стекнато, се брише, одново треба да се вложува се дуплираат трошоците. Трошоците за опрема се минимални во однос на тие трошоци што настануваат во однос на штетата. А да не зборуваме за спасување човечки животи, рече Кметовски за Радио Лидер.

Денеска во Македонија се одбележува Денот на пожарникарството, а на овој датум во 1836 година во Битола бил формиран првиот противпожарен одред.