Актуелната коалиција во Град Скопје составена од СДС, Левица и ДУИ од денеска започна да коалицира и во Собранието.

Реакцијата на Левица на Деловникот е прилично чудна, особено по нивната тишина во Парламентот околу францускиот предлог и скандалот на Онкологија.

Впрочем, Апасиев планираше да го исфрли поранешниот претседател на Собранието Вељановски користејќи (цитираме) „шамари, клоци и тупаници“ затоа што се спротивставуваше на филибастеринг и беше советник на СЈО и коалициски партнер на СДС.

Ова е само евтин театар на Левица, ДУИ и СДС на тема која не е важна за јавноста, служи само за да се истакне апсурдноста на владата и нејзините помошници и до каде ќе одат во потрагата по евтини поени.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ