Собранието во рамки на 131. седница вечерва со 83 гласа „за“ и двајца „против“ го донесe новиот Деловник за работа на Парламентот, што ќе се применува од наредниот собраниски мандат.

На денешното гласање му претходеше жестока расправа, проследена со инциденти. Пратеници на Левица фрлаа документи, кршеа монитори, ја одзедоа картичката од Мисовски и се закануваа со ескалација. Апасиев го соблече чевелот и со него удираше по амандманите. Потпретседателот Горан Мисовски беше принуден и ја прекина седницата откако неговите напори за деловничко водење на амандманската расправа не дадоа резултати.

Крмов и Апасиев бара да се гласа за секој од нивните 2 и пол илјади амандмани, а не само за 12 кои влегоа во процедура.

Предлагачот на Деловникот, спикерот Талат Џафери ги одби амандманите, а и пратениците ги одбиваа со мнозинство од 74 гласа. Крмов заканувачки се доближуваше до Мисовски, а Апасиев удираше со чевелот по документите