Oна што се насетуваше сега добива и потврда. СДСМ и ДУИ ќе бидат во коалиција за локалните избори. Намерата во „Бихаќка“ и во Мала Речица е онаму каде што ќе има кандидат за градоначалник СДСМ да нема ДУИ и обратно. Засега е договорено СДСМ да нема кандидати во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино. Токму онаму каде што ДУИ се надева дека има градоначалник од своите редови.
Што се однесува до советничките листи и двете партии ќе имаат свои листи и на тој начин да се измерат колку вредат кај гласачите.