Зад оваа иницијатива застанаа советниците од власта и опозицијата, зашто никој не им кажал дека ќе се гради хидроцентрала, а разбрале од љубители на природата кои ги информирале дека во коритото на реката се сечат дрвја. Кочанското Јавното обвинителство, по допрен глас, отворило предистражна постапка, издадени се наредби за прибирање на податоци и утврдување на факти. Во случајот се инволвира и еколошкото здружение ГРИН.ОРГ од Кочани.

-Ние поднесовме кривична пријава до ОЈО против службено лице што го дало позитивното мислење за изградба на мала хидроцентрала. Со оваа кривична пријава сакаме да дадеме тежина на целосната предистражна постапка која моментално се случува и со тоа да укажеме на точните недостатоци во целиот предмет за изграба. Тоа е недостатокот од записник и извештај од одржана јавна расправа- изјави Ана Симонова- ГРИН.ОРГ- Кочани

Во меѓувреме, општинската администрација и градоначалникот Николчо Илијев ги презема сите расположливи законски мерки за пролонгирање на издавање на дозволата за градба. Една од нив е и распишување на референдум.

-Нормално, ние очекуваме дека сите заедно сплотено ќе застанеме против изградбата на оваа хидроцентрала, бидејќи, веќе ги знаеме негативните последици врз природата од истата- додаде Симонова

Неодамна повеќе граѓански организации од Кочани и регионот отворено се спротивставија на изградбата на малата хидроцентрала, истакнувајќи го како еден од врвните приоритети во зачувување на чиста и здрава животна средина.