Претседателот на СДСМ Зоран Заев за ТВ21 истакна дека до крајот на месецот ќе бидат готови коалициските договори. Тој додава дека поддршка ќе добие таа партија со која имаат коалиција, не прецизирајќи дали е тоа Беса или ДУИ.
Немам сè уште одговор, но се надеваме дека ќе постигнеме до крајот на овој месец. Со ДУИ, БЕСА и ДПА. Таму каде што имаме повеќе кандидати од нашата коалиција, тој што ќе влезе во вториот круг логично е да биде поддржан од сите коалициски партнери, порача Заев за ТВ21.
Претходно Бeса најави дека ја очекува поддршката од најголемиот партнер СДСМ на локалните избори во Тетово, каде што кандидати за градоначалници ќе бидат Теута Арифи од ДУИ и најверојатно Биљал Касами од Беса.
Не очекуваме СДСМ да постапи поинаку од она што го сторивме заедно на последните парламентарни избори. Нема политичка логика гласачите на СДСМ од Тетово да гласаат за друг кандидат, кога на последните парламентарни избори гласаа за носителот на листата за пратеници, претседателот на движењето Беса, Билал Касами. Секоја друга еднострана одлука би имала последици во рамките на владејачката коалиција, велат од Беса за 360 Степени.