Неверојатно ниво на лажни вести и омраза се појавија на македонски јазик на социјалните мрежи, по почетокот на инвазијата на САД и Израел против Иран.
пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ
Се обидов да квантифицирам реакции на фејсбук. Истражувањето кое го правев, доведе до шокантни, но за мене очекувани резултати.
Синоќа на Македонски јазик се појавиле помеѓу 25.000 и 30.000 про-ирански реакции, коментари и постови. Во коментарите помеѓу другото се тврди дека врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи е жив и дека вестите оти е убиен се лага. Во дел коментарите се промовираше наративот дека Иран победува, дека е уништен носач на авион на САД и дека Иран ги уништил сите бази на САД на Блискиот исток. Информации кои еве, утрото подоцна, се покажуват кско целосна лага.
Над 80% од коментарите беа напишани од профили кои поминуваат евалуација за вистински, а не за ботови или лажни профили. Сепак, огромен дел наликуваа на оркестрирани ботови, зад кои не стои вистински човек.
Децепцијата која се ширеше, ни малку не беше во линија со објавите на медиумите на македонски јазик, туку кореспондираше со наративот на неколку таблоиди на српски јазик и фејсбук профили и страници на српски јазик кои ги ширеа истите лажни информации.
Лажните вести беа доминантно ширени од луѓе без никаква експертиза, но евидентни беа и наративи за предизвикување емотивни реакции, затскриени како анализи, кои доаѓаа од луѓе кои некогаш работеле во армијата и луѓе кои работат по универзитети.
Ова отвора огромен сомнеж дека некој системски работи на создавање на овие децепции, со цел пропагандно да влијае на македонците.
Медиумите, новинарите и експертите кои вчера ги презентираа вистинските факти – се соочија со огромна омраза, булинг и навреди на социјалните мрежи. Што очигледно покажува дека некој намерно го стимулирал алгоритмпт на социјалните мрежи против вистината.
На крајот, морам да кажам дека никогаш не може да е добро тоа што некој од страна ве хранимсо лажни вести. Не велам дека некој треба да ја поддржува инвазијата на САД и Израел, да се биде анти-воено ориентиран е доблест. Но, кога шириш децепции – како во случајов – ти не си анти-воено ориентиран, туку војуваш за другата страна…
