– Колективниот имунитет обично се смета дека се постигнува кога 60-70% од населението е заштитено од патогени микроорганизми. Но, под претпоставка дека вирусот не може да се размножува кај имунизираните лица, изјави за дневниот весник Funke Media, потпретседателот на DGfI, Рејнолд Фоерстер.
Фоерстер рече дека со вирусот Сарс-Ков-2 е поинаку – луѓето можат да го пренесат вирусот иако не се болни самите, дури и ако биле вакцинирани.
– Делта варијантата на вирусот само ја влошува таквата состојба. Многу е заразна. И силно ги погодува адолесцентите и децата. Сè додека таа група воопшто не е вакцинирана или е вакцинирана само малку, колективниот имунитет нема да се постигне, нагласи тој.
Според германскиот институт за контрола на болести Роберт Кох (РКИ), најмалку 85 проценти од популацијата на возраст меѓу 12 и 59 години и 90 проценти од оние над 60 години мора да бидат вакцинирани за успешна борба против делта варијантата.
– Ако оваа стапка на вакцинација беше достигната на време, најавениот четврти бран за следната есен и зима ќе беше малку веројатен, објави РКИ во понеделникот.
Досега Комисијата за вакцинација (Стико) не издаде општа препорака за вакцинирање на деца и млади над 12 години и нема одобрена вакцина за лица под 12 години.