– Проектот во вкупна вредност од 46.365.699 денари или 751.470 евра е наменет за реконструкција на улицата „8 Септември“, нови сообраќајни решенија во централното градско подрачје, поставување на атмосферска канализација во овој дел од градот и воведување на т.н. паметни решенија за одвивање на сообраќајот и јавниот превоз како и мерки за поттикнување на пешачењето и возењето велосипед. Со реализација, проектот ќе стартува на 15 јануари 2022 година, пишува Колев во својата објава.
Колев денеска го потпиша договорот за реализација на проектот „Паметни решенија за Велес – продолжуваме“
К
Марко Колев, градоначалникот на Велес преку Фејсбук објава ја информираше јавноста дека денеска го потпишал договорот за грант со Делегација на Европска Унија за реализација на проектот „Паметни решенија за Велес – продолжуваме“.