Почитуван претседателе на ВМРО-ДПМНЕ Проф. д-р. Христијан Мицкоски, добредојдовте во Велес, во градот на Гемиџиите, градот на Рацин, градот кој ќе ја донесе победата на 17-ти Октомври. Добровечер за членовите, симпатизерите, поддржувачите, добровечер за Унијата на ветерани, Унијата на жени, Унијата на млади сили, на најмоќната политичка партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, добровечер за столбот на партијата Месните комитети и за сите наши сограѓани кои не се тука присутни, а даваат силна поддршка за промени. Добровечер за Игор Здравковски нашиот пратеник во Собранието на Република Македонија, изјави Марко Колев, кандидат за градоначалник за општина Велес на денешното негово промовирање.
Тој истака дека растел и живее во Велес во стариот дел на градот во добро познатата населба Црна Џамија, населба во која со векови се негува соживотот меѓу етничките и верските заедници.
– Веќе 12 години работам во Центарот за развој на Вардарски плански регион, од кои 6 ипол години раководев со институцијата. Овде се запишани имињата на проектите кои ги реализирав со мојот тим во општините Велес, Свети Николе, Лозово, Чашка, Градско, Росоман, Неготино, Кавадарци и Демир Капија. Имам реализирано над 100 проекти. Проекти финансирани од министерства, агенции, бироа основани од државата како и од меѓународни агенции, амбасади како и од фондовите од Европската Унија. Проекти за реконструкција на патишта, водоводи, фекални и атмосферски канализации, проекти за велосипедски и пешачки патеки, проекти во индустриските зони, проекти за поддршка на туризмот и сообраќајни решенија, проекти кои се видливи.Почитувани сограѓани што видовме изминативе 4 години од локалната самоуправа предводена од СДСМ?Ветувања за капитални проекти како гасификација на Велес, едно метро цевка не ставија, изградба на обиколница,проект не направија, пречистителна станица, ветуваат проект од 23 милини евра, нема пречистителна станица во Велес, затворен базен, основно училиште, но и ветувања за реконструкции на улици, водоводни и канализациони мрежи. Реализација нема, 4 години стагнација. Јас имам визија што точно треба да се направи за Велес и како треба да се развива Велес во следните четири години. За Велес и Велешани доаѓаат убави денови. Ве гледам во очи и ви ветувам дека силно ќе работам на реализација на мојата програма која во изминатите неколку месеци заедно ја подготвувавме.
1. Генералниот урбанистички план кој е стар повеќе од 16 години заеднички мораме да го донесеме час поскоро, без ГУП нема развој.
2. Проблемот со сообраќајниот хаос во централното градско подрачје планираме да го решаваме во фази и веќе сме во консултации со најдобрите сообраќајни инжинери во Македонија.
3. Проблемот со кучињата скитници кој со години ги мачи велешани ќе го решаваме на регионално ниво.
4. Изградбата на кејот на реката Вардар е ќе биде мој приоритет.
5. Најавувам изградба на првиот Велосипедски парк во Македонија, кој ќе биде надвор од градот, помеѓу Велес и езерото Младост.
6. Силно ќе ја поддржам изградбата на основната инфрастуктура во индустриските зона УЗУС, Речани,Речани 2, Караслари и индустриска зона Мамутчево.
7. Ќе изградиме три спортско – рекреативни комплекси.
8. Мостот на реката Вардар кај Башино село иако е под надлежност на централната власт е проблем кој сите нас не засега, како локална власт ќе направиме се што треба да овој проблем се реши, во најбрз можен рок, појасни Колев.
Тој истакна дека ова се мал само дел од проектите кои ќе се најдат во предизборната програма.
– Во иднина Велес го гледам како поубав град во кој ќе живеат моите и вашите деца, град кој ќе биде развиен и просперитетен, град на културата и спортот, но најважно град на насмеани лица, заборавивме да се смееме, мораме да ја вратиме насмевката кај граѓаните на Велес и на Македонија. Најавувам позитивна кампања, исполнета со меѓусебно почитување и натпревар на идеи за подобар Велес, додаде кандидатот за градоначалник.