После 20 години велешани ќе добијат современ кеј на десната страна на реката Вардар. Денес со компанијата ДЕЛТА – ПРОМ ИНГ од Велес го потпишавме договорот за изградба во вредност од 407.572 евра, истакна градоначалникот на Велес, Марко Колев.
„Со овој проект кој е во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Република Грција, финансирана од ЕУ, решаваме децениски проблем, со што граѓаните на Општина Велес ќе добијат уште едно катче за рекреација и нова креативна можност за развој на туризмот.
За поубав Велес! Велес за сите граѓани“ – посочи градоначалникот.