-Во тек се градежни активности на реконструкција на старата со нова енергетски ефикасна фасада. Со термоизолационата фасада ќе се заштеди топлинска енергија и финансиски средства што училиштето ќе може да ги вложи во други приоритени работи за обезбедување на квалитетни услови за одвивање на наставата. За реконструкција на фасадата се предвидени средства во висина од 8.600.000 денари, обезбедени од блок дотациите на училиштето. Со дополнителни средства од блок дотации во висина од 1.990.000 денари, во прва времена фаза, се изврши и замена на старите со нови ПВЦ прозорци, истакна тој.
Посочи дека се заменија и 42 прозорци во училниците и 5 прозорци во наставничката канцеларија, во износ од 2.340.000 денари, средства од блок дотации.