Колку дневно заработува соосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, кој е меѓу најбогатите луѓе во светот, објави американската компанија Zippia, која посредува во вработувањето и објавува деловни податоци.

Гејтс беше најбогатиот човек на светот речиси 20 години, а потоа го надмина основачот на Amazon, Џеф Безос. Меѓутоа, кога станува збор за богатството, тој останува меѓу светската елита.

Како што објави Zippia, просечниот човек заработува 2,7 милиони долари во текот на својот живот, додека Гејтс заработува три до четири пати повеќе од наведената сума во еден ден. Проценките за точната сума на неговата дневна заработка варираат, но една од нив е дека таа изнесува 10,95 милиони долари, што е 117 долари во секунда. Според друга проценка, станува збор за дневна заработка во износ од 7,6 милиони долари.

Мајкрософт е еден од изворите на заработката на Гејтс. Откако ја основаше оваа компанија со Пол Ален во 1975 година, таа доминираше на различни технолошки пазари. Пред четири години имаше пазарна капитализација од еден трилион долари. Изворите на приход на Гејтс се и инвестициите во недвижнини.

Најголем дел од својата заработка ја дава во добротворни цели, главно преку фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, пишува порталот Yahoo Finance.

Извор: Независен