Колумбија и Венецуела повторно воспоставија целосни дипломатски врски, три години откако Каракас ги прекина поради поддршката на Богота за опозицискиот лидер Хуан Гуаидо.

Колумбискиот амбасадор Армандо Бенедети вчера пристигна во Каракас, а истиот ден во Богота беше пречекан и Венецуелецот Феликс Пласенсија.

Почнуваме да работиме на обнова на општественото и човечкото ткиво што не обединува, објави колумбиското претседателство во твит со фотографии од пристигнувањето на Бенедети во Венецуела.

Пред да тргне, Бенедети на Твитер напиша дека неговата мисија е „да ги обнови врските со соседот и да ја поправи штетата предизвикана во срцата на двата народи како резултат на прекин во односите што никогаш не требаше да се случи“.