Ѕвездата од хумористичната серија „Модерно семејство“ објави нова фотографија од плажа каде што позира во сино-жолто бикини. На многумина следбеници им е тешко да поверуваат дека познатата актерка има 54 години.

Сцената од одморот предизвика бројни реакции кај нејзините обожаватели ширум светот.

На објавената фотографија атрактивната актерка може да се види како ужива на сонце, лежејќи опуштено на пешкир покрај тиркизното море и песочниот брег.

Фотографијата брзо ги обиколи социјалните мрежи, а фановите повторно коментираа за изгледот на уметницата, која и во шестата деценија од животот привлекува огромно внимание.

Објавата од песочната плажа следува по нејзиниот неодамнешен престој во нејзината родна Баранкила во Колумбија, каде што претходно оваа недела беше наградена со Златен медал со чин командант како официјално признание за нејзината успешна меѓународна кариера.