Арсовска за помалку од 2 години го уништи јавниот превоз во Скопје. Навистина е неверојатно како Данела Арсовска и нејзиниот т.н. „менаџерски тим“ успеаја за помалку од 2 години да направат толкав пустош во главниот град, велат од Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.
-Една од сферите каде нејзиниот пустош е најочигледен е целосното уништување на јавниот превоз во Скопје.
За потсетување, ЈСП-Скопје иако отсекогаш функционирало со помош на блок дотации на Градот, сепак во изминативе 10 години доби целосно нов возен парк, набавени беа преку 300 автобуси од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а беа набавени и 35 автобуси од нејзиниот претходник, со што јавниот превоз се одвиваше во нормални услови, без поголеми дефекти и застои.
Исто како и со комуналните претпријатија, неспособноста и корупцијата на Арсовска креираа голем проблем во јавниот превоз, кој резултираше со големи протести на вработените минатиот октомври. Со цел да ги сузбие легитимните протести и штрајк на вработените, кои бараа подобри услови за работа, Арсовска на македонската јавност и го презентираше „феноменот“ од Секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, кој како циркузант за занимаваше јавноста и контра-протести пред Владата на РМ, каде повторно говореа за „мафијашки структури“, заговори, политики… каде сите беа криви, само Арсовска не!
Неколку месеци потоа Арсовска го колабираше целиот систем на јавен превоз во Скопје, кога со цел да се пресмета со неколку неистомисленици, влезе во војна со приватните превозници, каде повторно обвинуваше за мафијашки структури, заговори против неа, украдени милиони… Со месеци Скопје беше блокирано, правото на движење на граѓаните беше ускратено, јавниот превоз повторно блокиран, а до ден денес ниту едно од гнасните обвинувања и лаги на Арсовска кон приватните превозници не резултира со никаква институционална или правна разврска.
Денес, јули 2023 година, неполни 2 години од нејзиното доаѓање на позицијата градоначалник на Град Скопје, јавниот превоз во Скопје е пред целосен колапс!
– Секојдневно возачите на ЈСП бегаат од репресијата спроведена од Арсовска и нејзините менаџери, барајќи работа во соседството, а претпријатието останува без возачи!
– Нема месец некој од синдикатите во ЈСП да не организираат штрајк и протест!
– Квалитетот на услугите во јавниот превоз се паднати на најниско ниво, редовноста на автобусите е уназадена за декади, а линиите, колку и да тврдат поинаку од Градот и претпријатието, се проретчени!
– Во четврток Советот на Град Скопје, истиот оној од кој Арсовска со месеци бега како „Ѓавол од крст“, ќе расправа за покривање на загубата на ЈСП-Скопје, која во 2022 година изнесува неверојатни 6,2 милиони евра, речиси двојно од претходната 2021 година.
За состојбите и систематското уништување на јавниот превоз во Скопје, говорат и поразителните податоци од последната анкета на ИРИ, истата таа каде само 1% се целосно задоволни од работата на Арсовска, дури 30% од скопјани јавниот превоз го навеле како најголем проблем со кои се соочуваат!
По сите скандали, по сите колапси, по сите докази за елементарна неспособност, Арсовска треба да биде доблесна и да си поднесе оставка, додаваат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.