Марио Мицковски освои бронзен медал на Специјалните олимписки игри што се одржуваат во Берлин пред еден месец, а денеска градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски информира дека го вработил во локалната самоуправа.

– Големата желба на Марио која ми ја посочи во неговиот дом, а тоа е да работи со спорт, од денес е реалност. Марио е наш колега и ќе работи во одделението за јавни дејности во делот на спорт и спортски настани, информира Костовски.

Костовски кажа дека ова му е еден од најсреќните денови затоа што Марио ќе биде дел од неговиот тим во иднина.

– Марио е момче со големо срце. Упорноста и неговото храбро срце буткаат големи препреки, ја прават Македонија горда и директно допринесуваат Општина Бутел да остане најспортска општина во државата, објави градоначалникот.