Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе ја разгледува актуелната ситуација и ќе решава дали поради ширењето на делта-видот на коронавирусот ќе се воведат нови рестрикции.

Неофицијално се споменува дека во опција е одлука за карантин, негативен ПЦР или да се покаже сертификат за вакцинација кај патниците кои се враќаат од ризичните земји.

Засега Македонија само за патниците од Индија има условен влез од 14 дневен карантин, но денеска се очекува да се прошири листата со други високоризични земји.

Новиот сој се уште не е увезен во Македонија, а во однос на овој проблем за построги рестрикции размислуваат и надлежните институции во Србија и во Албанија.

Министерот за здравство, Венко Филипче извести дека иако дел од челновите биле на одмор, веќе се анализира и се истражува за овој вид и мислењата на челновите на Комисијата ќе бидат слушнати денеска.