„Овој проблем со недостиг на учебници не е само оваа година, но овој министер имаше доволно време да ги спроведе препораките на комисијата“, изјави изјави Весна Бендевска, членка на Комисијата за заштита и спречување на дискриминација, во синоќешната Топ тема на ТВ Телма во врска со тужбата за Министерството за образование и наука (МОН) околу недостиг на учебници и на стартот на оваа учебна година, пренесува Expres.mk.
Бендевска потсети дека министерот секојдневно изјавува дека се обезбедни учебници за уште еден предмет, па за друг предмет, но потсети дека на 1 септември недостасуваа 34 % од учебниците за основно образование.
„Нашата препорака беше кратка, децидна и јасна – обезбедете учебници за секој ученик, за секој предмет, на секој наставен јазик најдоцна до 31 август, ден пред почетокот на новата учебна година. И за тоа требаше писмено да нè известат. Ние го обезбедивме тој документ, има архивски број и произлегува од МОН.
Од вкупно 126 учебници, 46 недостасуваа. Тоа, според наше мислење, е огромна нееднаквост. Кога комисијата констатира дека дискриминацијата зафаќа голема популација, во случајот илјадници ученици од основно образование, тогаш законот по кој работиме и ние и судот е лекс генералис и вели дека Комисијата треба да поведе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес на највисоко судско ниво. И комисијата постапи, ни повеќе, ни помалку од своите законски областувања“, објасни Бендевска.