Стопанствениците не се против законското решение за недела неработен ден туку единствено предлагаат да се укинат ограничувањата кои дејности смеат да работат во недела а кој не.

Тие предлагаат во законот да остане дека работните мора да добијат дневници и слободен ден ако работат во недела а сите стопански дејности да може со претходна пријава во инспекторатот и со плаќање на сите давачки кон државата да можат да организираат производство и трговија без ограничувања.

Како пример за проблемите кои создаде овој закон посочија фабрика за керамички производи на која и треба една недела како процес за да ја изгасне печката и уште една недела за да ја рестартира што компанијата ја чинело 150 илјади евра како и ограничувањето на трговијата со нафта и нафтени деривати или пак ограничувањата на градежниците кои и онака зависат од исполнување рокови и од временските услови.

Од стопанската комора се надеваат дека ќе имаат разбирање од власта за овој нивни предлог кој предвидува наместо законски измени и дополни кои се дејности можат да работат да им се даде еднаква можност на сите кои имаат потреба да работат во недела. Доколку нема позитивен одговор на нивниот предлог тие за 18 февруари кога комората слави 100 години најавуваат поднесување иницијатива пред уставен суд