Основачот на Амазон следниот вторник ќе биде во ракетата „Њу Шепард“ во Западен Тексас, а неговиот брат ќе му се придружи.

Ним ќе им се придружи неименувана жена (82) и победникот на аукцијата која платил 28 милиони долари за патувањето, објави денес АП.

Тоа ќе биде прво лансирање ракета со патници за компанијата „Blue Origin“, која, како и компанијата „Virgin Galactic“, сопственост на Ричард Бренсон, планира да започне туристички летови во вселената во наредните месеци.

Федералната администрација за авијација на САД даде зелено светло во понеделникот, а лиценцата ќе важи и во август.

Безос се повлече од функцијата извршен директор на Амазон минатата недела, а го основаше „Blue Origin“ во 2000 година.