Комшиќ тоа го кажа во интервју за Радио Сараево и додаде дека, БиХ „никогаш всушност не била оставена на мир од оние кои го загрозуваат опстанокот на државата“.
-Не треба да се споменува за кого се работи, ќе се пронајдат. Но, и покрај сите напади на Босна и Херцеговина, таа преживеа и ќе опстане, изјави Комшиќ, додавајќи дека не се сомнева дека, како што вели, „ќе направиме се во таа смисла“.
-Веќе ни се случи сето најлошо што можеше да и се случи на една земја и нејзините граѓани, од агресија, геноцид и злосторства што историјата на човештвото не ги памети. Државните непријатели го убија стравот во нас и на тоа треба да размислуваме ако повторно насилно ги нападнат нашата држава и граѓаните, рече Комшиќ.
Тој изјави дека стравот не парализира, освен неколкумина кои својата лична удобност сакаат да ја претстават како рамнодушност на народот кон судбината на државата.
-Странците, без разлика дали се наши пријатели или непријатели, мора да го знаат тоа. Со разбојник нема да преговараме за постоење институции чие формирање е извршено согласно Уставот и законот во Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина. Сум кажал еднаш и ќе кажам уште еднаш. Подобро е странците да го запрат Додик отколку ние да го спречиме.
-Ако не го спречат тие, нема да имаме друг избор освен самите да го спречиме. Тој го ризикуваше мирот во регионот и Европа. Нема да се коцкаме со нашата земја.