Ако кај кинескиот сој беше еден да зарази тројца, кај иднискиот е да зарази петмина од шест, вели српскиот епидемиолог Предраг Кон. Според српскиот епидемиолог, кој е и член на Кризиниот штаб во Србија за борба со пандемијата наметната од коронавирусот вакцините штитат од индискиот сој, а намалениот број на инфекции се должи на вакцинацијата.

-Ако го подигнеме колективниот имунитет на 70 проценти, тогаш би можеле да се збогуваме со вирусот, без оглед што ќе се случи во светот-вели Кон.

Доколку се достигне тој процент на имунизирани граѓани, нема повеќе да ја има оваа болест како загрижувачка, смета епидемиологот.