Во македонската Филхармонија вечерва ќе се одржи петтиот концерт „Филхармонија за Филхармонија“ од серијата камерни настапи на музичарите од оркестарот на Филхармонија.
На програмата се дела од Бородин, Рота, Шостакович, Бах, Игудесман, Феранте, Бетовен и традиционална клецмер музика.
На овој концерт ќе настапат Гудачки квартет “Lumos” (Љубица Делева Поповска – виолина, Ѓорѓина Ивановска – виолина, Александар Лаовски – виола и Љупка Каевиќ – виолончело), Енис Аљи (виолончело) и Александра Чуруковска (контрабас), Марина Трајковска (виолина), Момчило Куфојанакис (виолина) и Весна Ангелова – Христов (пијано), дуото виолини Анна Кондратенко и Бојан Илкоски, Камерниот ансамбл „Консонанс“ (Маја Чанаќевиќ – англиски рог, Здравко Ангелов – кларинет, Игор Бакревски – кларинет, Љупчо Чедомирски – кларинет и Сашко Темелковски – бас кларинет) и квартетот „Филхармонија“ (Анна Кондратенко – виолина, Бојан Илкоски – виолина, Бојан Талески – виола и Марија Михајловска – виолончело).