Како што посочи членот на ИК, Драган Ковачки, било заклучено дека најдобро решение за излез од политичката криза во државата е одржувањето на предвремени парламентарни избори.
Според него, со СДСМ не може да има нова влада, туку само продолжување на политичката криза во земјата.
Истовремено, додаде тој, на комитетот се разгледувале и партиски прашања, при што било одлучено на 12-ти декември да се одржи конгресот на партијата, на кој се очекува Христијан Мицкоски да биде единствен кандидат за претседател на партијата.
Инаку, опозициската партија одлучила да се однесува конструктивно во македонското Собрание, во поглед на усвојувањето на буџетот на државата.