Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во државава за учебната 2022/2023 година објави Министерството за образование и наука.
Слободни се 2555 места во 18 ученички домови во 14 градови. Во пет ученички дома во Скопје се слободни вкупно 808 места.
Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk или директно да поднесат хартиена пријава до ученичкиот дом.
Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во втора, трета и четврта година почнува од 24 јуни и ќе трае до 1 јули 2022, а за учениците кои се запишани во прва година електронското пријавување ќе биде од 1 јули до 8 јули 2022.
Во објавениот Конкурс се наведени условите за прием во јавните ученички домови, потребните документи и начинот и постапката за прием.