Организаторите порачаа дека вистинските вредности се дом-семејство, родители-мајка и татко и деца.

– Ова е „Вистинска парада на гордоста“ со која може да се зачуваат традиционалните вредности, дом, семејство, брак, деца, мајка и татко, а сето тоа ни гарантира сигурна иднина. Бракот е институција која треба да се негува, не сакаме тоа да се редефинира. Сакаме бракот да си остане каков што е, да нема родител 1 и родител 2 – рече организаторот Игор Петковски, кој рече дека се раководи од неговите верски убедувања.