Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ до детали пред новинарите го објасни договорот со Бектел и Енка. Мицкоски е убеден дека сумата од 1.3 милијарда евра која е предвидена за изградба е „лупната“ од око и оти има многу трошоци за кои не е предвидено колку ќе чинат. Тој смета дека коридорите ќе чинат уште најмалку една милијарда евра.

Од трошоците тој ги наведе релокација на данловоди и бандери, заштита на звук, систм за управување, електрификација на автопат, осветлување на тунели, патарини.