Според коригираните податоци, во последното деноноќие регистрирани се 355 новозаразени од направени 3.042 тестирања, пријавени се вкупно 15 починати лица, девет во последните 24 часа и шест преку системот „Мој Термин“. Евидентирани се 2.308 оздравени пациенти. Во изминатото деноноќие  329, додека останатите 1.980 оздравени се административно затворени случаи од периодот 16.09 – 31.10.2021.

Од деветте починати лица: 3 починати лица од Скопје (72г, 84г и 84г), 2 починати лица од Охрид (51г и 55г) и по едно починато лице од Крива Паланка (79г), Македонска Каменица (56г), Битола (65г) и Куманово (62г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 31.08.2021 до 01.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Кочани (1), Македонски Брод (1), Свети Николе (1), Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 54 до 88 години. Три лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.

Од новозаразените 355, од Скопје се 152, Битола – 38, Кавадарци – 25, Прилеп – 24, Куманово и Охрид – по 17, Велес – 14, Радовиш – 9, Делчево – 6, Штип и Ресен – по 5, Тетово, Струмица, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 4, Неготино, Виница, Пробиштип и Валандово – по 3, Крушево и Македонски Брод – по 2, Кичево, Свети Николе, Кратово, Богданци, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Од регистрираните 2.308 оздравени пациенти,  од: Скопје се 1.153, Велес – 141, Охрид – 106, Прилеп – 105, Битола – 99, Кавадарци – 79, Куманово – 62, Струмица – 52, Тетово и Штип – по 45, Гевгелија и Крива Паланка – по 39, Кичево и Кочани – по 38, Македонска Каменица – 33, Свети Николе – 30, Ресен – 28, Струга – 25, Делчево – 23, Радовиш – 18, Гостивар, Виница и Демир Хисар – по 16, Неготино и Валандово – по 14, Берово – 12, Богданци – 6, Крушево – 4, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Капија – по 3, Кратово – 2, Дојран – 1.

Направени се 3.042 тестови преку: ИЈЗ-319, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-74, ЦЈЗ Прилеп-38, ЦЈЗ Тетово–5, ЦЈЗ Куманово-59, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–134, Жан Митрев (Филип Втори)-41, Авицена-138, Биотек-183, Систина-70, лабораторија Лаор-155, Синлаб-15, Ремедика-16, Плодност–32, Генеа-11, Никоб лаб-553, ВФВ Медикал-44, Ели Медика-54, Ројал Медика–21, Спектра-ММ-11, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 989.

Досега во земјата се направени вкупно 1.481.925 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.025, бројот на оздравени пациенти е 203.325, на починати е 7.631, а бројот на активни случаи е 6.069.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 94917 2821
Куманово 12929 210
Тетово 11340 111
Прилеп 10295 336
Битола 8781 553
Гостивар 8066 16
Велес 7337 199
Кавадарци 7031 247
Штип 6601 121
Охрид 6507 222
Струмица 6128 113
Кичево 4226 37
Кочани 4013 124
Струга 3908 45
Гевгелија 2808 83
Неготино 2570 47
Свети Николе 2122 50
Крива Паланка 1900 89
Ресен 1753 65
Радовиш 1741 59
Берово 1461 82
Дебар 1456 2
Делчево 1414 117
Виница 1161 27
Пробиштип 1123 26
Валандово 948 46
Кратово 776 45
Богданци 645 24
Демир Хисар 618 58
Крушево 592 33
Македонски Брод 497 10
Демир Капија 425 5
Македонска Каменица 418 31
Пехчево 352 10
Дојран 166 5
Вкупно 217025 6069