Во четвртокот официјално беше објавено дека во земјава циркулираат 110.000 фалсификувани сертификати. Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин истиот ден изјави дека се уапсени околу сто лица, корисници на пропусници и шверцери.

Во петокот, агенцијата Франс прес од добро информиран извор дозна дека синџирот што фалсификувал меѓу 5.000 и 10.000 пропусници за Ковид е прекинат на почетокот на ноември, при што биле заработени два милиони евра.

Според првите резултати од истрагата, фалсификаторите ги пронашле личните податоци на корисниците на веб-страницата на фармацевтското здружение.

На 15 ноември, владата побара од пациентите со лажна пропусница, хоспитализирани поради Ковид-19, тоа да го пријават на лекарите бидејќи „лекувањето не е исто“.

Неколку дена претходно, 57-годишна жена која набавила лажен ковид-документ и му кажала на медицинскиот персонал дека била вакцинирана, починала од Ковид-19 во болница во близина на Париз.

-Таа имаше тешка форма на болеста што „брзо доведедо акутен респираторен синдром“ и ако лекарите знаеа дека не била вакцинирана, можеа веднаш да и дадат „антитела“, рече Џилали Анане, директор на одделението за интензивна нега во болницата.