-ХАС сугерира дека сите родители кои сакаат да го направат тоа да можат да ги вакцинираат своите деца на возраст од 5 до 11 години, рече докторка Лиз Алтер, која е задолжена за проценка на ризикот од нови лекови.

Таа додаде дека вакцината што ќе им се дава на децата покажала висока ефикасност на таа возраст.

Минатата недела Франција почна да ги вакцинира децата со здравствени проблеми за кои е потребна посебна заштита.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно изјави дека е за вакцинирање на децата, но додаде дека конечната одлука треба да ја донесат родителите.