Саксонија во германски рамки е на дното според процентот на вакцинација на локалното население со приближно 60 отсто вакцинирани, а во оваа покраина инциденцијата на коронавирус во моментов е највисока со 584 случаи на 100.000 жители во последните седум денови.
Поради новите ограничувања, бундеслигашот Лајпциг следните два првенствени натпревари, против Леверкузен и Менхенгладбах, ќе ги игра без поддршка на своите навивачи, а зад затворени врати ќе го пречека и Манчестер сити во клучниот натпревар во Лигата на шампиони на 7 декември.
Раководството на Лајпциг остро ја критикуваше локалната извршна власт поради тоа што дозволила ескалација на состојбата со коронавирусот.
– Највисокото ниво на зараза споредено со сите други германски покраини и најнискиот процент на вакцинација, покажуваат дека власта во Саксонија досега не беше во состојба да осмисли добар план за спречување на пандемијата“, соопшти бундеслигашот од Лајпциг.