-Најавата за посетата беше испратена на време и во согласност со сите процедури, рече директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ.
Како дел од нејзините редовни активности, Кисиќ-Тепавчевиќ во петок и сабота требаше да одржи испит за студентите од трета година, како професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Приштина, на Катедрата за епидемиологија.
-Своето доаѓање на Косово го најави како професор, а не како министер, се вели во соопштението.
-Сепак, властите во Приштина преку приштинскиот офицер за врска, без никакво образложение и причина, одбија на на Кишиќ-Тепавчевиќ да ѝ дозволат влез, посочува Петковиќ.