Денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ е целосен дефокус од спорот помеѓу потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и премиерот Зоран Заев, чие рочиште денеска беше одложено поради здравствена состојба на судијката која го води случајот, а на кое Заев треба да докажува дека не земал пари од рекетот и дека не стои зад изрекетираните над 20 милиони евра.

Сосем е јасно дека Костадин Костадинов денешната прес-конференција ја одржа во прашална форма, за да не се доведе во ситуација да биде тужен од страна на Николоски.

Докази за вмешаност во наводниот скандал на потпретседателот и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски нема, од едноставна причина што неговото име не се споменува ниту во Извештајот на Европската  унија од 2016 година ниту пак во споменатото интервју за Франкфутер Алгемајне Цајтунг.