Тој тврди дека шеф на мисијата бил и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

И покрај обвиненијата, во Извештајот на ЕУ со највисоки оценки на мониторинг мисијата во Азербејџан, нема такви докази.

Николоски во изјава ги отфрли наводите дека станува збор за комплетна невистина и дека самата ЕУ највисоко без забелешки ја оцени работата на мисијата во Азербеџан, што може да се види и од извештајот на ЕУ.

– Она што можам да го кажам е дека јас бев потпретседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, највисока функција која што било кој пратеник од Македонија било кога ја имал, сум бил член на бројни мониторинг мисии во соседството како Бугарија, БиХ, Азербејџан и бев шеф на оценска мисија, за референдум од 2016 година, мисија која имаше тешка задача таму, но извештајот го усвои целокупното Парламентарно Собрание на Советот на Европа, и истиот беше цитиран од страна на ЕУ и ЕК што говори за кредибилитетот. Се друго се инсинуации и измислени работи и треба да почнат да внимаваат затоа што навредуваат врвни европски политичари и институции од типот на совет на Европа каде што Македонија е членка. СДСМ треба да се малку повнимателни заради меѓународниот углед на Македонија, истакна Николоски.

Тој потенцира дека овие обвинување на СДСМ се класична монтировка бидејќи неговото име никаде не се споменува во интервјуто на Гералд Кнаус, на кое СДСМ се повикува и посочи дека со вакви клевети СДСМ ги навредува и меѓународните институции како што е Советот на Европа.

Во извештајот пишува дека на референдумот во Азербејџан, мнозинството гласало ЗА сите 29 прашања поставени на референдумот, во мирна атмосфера. Сепак, имало недостатоци во процесот, особено во однос на претходната дебата во Парламентот, додека некои активисти исто така биле приведени за време на кампањата.

Исто така, беше навдено дека во интервју бил споменат Николоски како дел од корупциската афера, што е уште една лага, бидејќи во Интервјуто никаде не се споменува неговото име.