Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов е во посета на Италија, на регионот Венето и метрополата Венеција, каде се сретна со градоначалникот на Тревизо, Марио Конте, а учествуваше и во работата на вчерашниот бизнис форум меѓу наши и италијански градоначалници и стопанственици.
-Разменивме информации и искуства за нашите општини, за нивните потенцијали и можности, како да ги искористиме и да ги претвориме во проекти од кои взаемна корист ќе имаат граѓаните. Го поканив градоначалникот Конте да ја посети Струмица и да ја продлабочиме соработката на економски план, бидејќи нашата општина има што да понуди, изјави Костадинов.
Покрај струмичкиот градоначалник, во посета на овој италијански регион се и градоначалниците на општините Ресен, Чашка, Маврово-Ростуше и Теарце, кои се дел од владината делегација предводена Фатмир Битиќи, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања и министерот без ресор задолжен за дијаспората, Џемаил Чупи.