Сотир Костов, во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ зборуваше за ветото кое го наметна Бугарија кон Македонија во однос на европерспективата и посочи дека сето ова што и се случува на Македонија да Бугарија ја уценува, главни виновници се Заев, Димитров и владата на СДСМ.
-Ние немаме стратегија за овој проблем што ни го наметнува Бугарија односно државната политика на нашиот источен сосед. Немам стратегија државна т.е национална значи проблемот е во нас.Бугарија знае што сака, сака се што е македонско, сака македонска историја, Бугарија сака македонска култура, најмногу го сака македонскиот јазик. Ако јас се прашувам, еве хипотетички ќе зборувам ако сум јас некој советник на нашиот премиер јас ќе го советувам сосема поинаку да се однесува од она што досега се однесуваше. Прво никако потпишување на еден таков срамен, безобразен договор во кој не вовлече, еве ја сега вината на нашата страна, кој не во влече нас во ова да не уценува Бугарија? Заев, Димитров и владата. Се фалеа дека потпишале најпрекрасен договор, сме ги решиле сите проблеми со источниот сосед, но тоа не е точно. Не само што не сме мрднале, туку не уназадија, рече Костов во своето гостување.
Тој во текот на своето гостување укажа дека премногу е безобразно некој да ни кажува како ние треба да си ја нарекуваме нашата национална селекција во спорт.
-Ако не беше договорот ние немаше да бидеме ставени во магарешка клупа, во ќош пристиснати и еве и денес зошто Заев рекол „ македонски тим“. Тоа е безобразлук да ми кажува некој како јас да си ја нарекувам мојата национална селекција во било кој спорт, а кога нашата власт не лажеше не нема да сме северно македонци, нема да е институциите на Северна Македонија еве ја сега лагата. И сега пазете тој Заев се извинува на Грците и еве ја нашата грешка, додаде Костов.