Денес го потпишав одобрението за градење на нова детска градинка во дворот на ООУ св.Климент Охридски во Бутел 1.

Градинката ќе биде со површина од 870 метри квадратни, капацитетот на оваа градинка ќе има простор да згрижи 120 деца.

Во просториите се предвидени три занимални за деца од 2-6 години и една просторија за јасли за деца до 2 години.

Почнуваме многу наскоро!, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.