Во Скопје Север се одвива голема градежна офанзива со силна динамика, во која ќе бидат вложени повеќе од 60 милиони денари, односно околу еден милион евра, информира градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
Костовски објави дека денеска е завршена реконструкцијата на вториот крак на улицата „Боро Менков“.
„Реконструкцијата ги опфати и тротоарите, како и паралелните паркинзи. Ги реконструираме и сите пристапни патеки до зградите“, објави Костовски.
Со оваа реконструкција се опфатени зградите на улиците „Боро Менков“, „Костурска“, „Лазо Москов“ и „Гоце Стојчевски“.
Градоначалникот најави дека наскоро ќе се реконструира и улицата „Костурска“, заедно со двата големи паркинг-простори и пристапните патеки.
Исто така, како што наведе, за првпат ќе се изгради и тротоар за безбедно и непречено движење.
„Ова е најголемата градежна офанзива која се одвива во Скопје Север“, пишува Костовски на неговата Фејсбук-страница.
