Градоначалникот на општината Бутел, преку статус на Фејсбик пишува дека продолжуваат со отстранување на бесправно изградените објекти и узурпации во општината.
-ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ОТСТРАНУВАЊЕ НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИТЕ ОБЈЕКТИ И УЗУРПАЦИИ ВО ОПШТИНА БУТЕЛ❗️
Денес во населеното место Визбегово со поддршка од директорот на државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и МВР направивме дополнителен увид на улицата “Јадранска магистрала”.
Во населеното место Визбегово изминатиот период по постапка од страна на општинските инспектори започна процес на отстранување на узурпациите долж улицата “Јадранска магистрала”.
Се додека јас сум градоначалник на Општина Бутел законите ќе важат за сите подеднакво, без отстапки!
Без разлика граѓаните секогаш во мене ќе имаат заштитник и човек кој ќе го спроведува законот.
По предходна постапка на општинските инспектори дел од стопанствениците започнаа процес на отстранување. Таму каде што нема да се почитуваат роковите Општина Бутел ќе пристапи кон отстранување, стои во неговиот пост на Фејсбук.