ВМРО- ДПМНЕ ОК БУТЕЛ СИЛЕН КАКО НИКОГАШ ДО СЕГА
Чест е да се води ваков комитет.
Вечерва се одржа состанок на ОК Бутел, извршното тело на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Бутел.
Говоревме за состојбата во месните комитети, унијата на млади сили, унијата на жени, унијата на ветерани и патриотскиот институт при ОК Бутел. Беа формирани комисии за образование, спорт, здравство, труд и социјала и урбанизам.
Исклучително ме радува тоа што секојдневно ни пристапуваат нови членови а со тоа нови сили и идеи, отворени сме за сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат дел од промените во општината и државата.
Принципи, чест и достоинтво до сега и во иднина.
Најавуваме сериозна офанзифа и историски најголема победа во Бутел на парламентарните избори, пишува на Фејсбук градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.