Денеска заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Христијан Мицкоски сме тука на еден убав спортско рекреативен центар во населеното место Радишани веднаш до велелепниот манастир Св. Наум. Спортско рекреативен центар којшто ќе го носи името „Македонија“, едно убаво катче за спортување но и за рекреирање бидејќи има и парковски содржини и клупи, места каде што можат и повозрасните да се рекреираат. Станува збор за неколку типа на спортски терени, еден специјализиран баскет терен со специјализирана подлога за баскет, едно игралиште за мал фудбал со специјализирана подлога поточно со квалитетна вештачка трева и едно модерно детско игралиште каде што ќе можат и најмладите да се рекреираат и забавуваат. Ја заборавив и фитнес зоната, имаме и фитнес зона, исто така во склоп на овој спортско рекреативен центар, изјави денеска градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.
-Општина Бутел се менува, тој евидентно работи, навистина е големо задоволство кога гледаме како граѓаните го прифаќаат тоа. Во овој момент се гради и во Бутел 2 едно игралиште со вештачка трева, ќе се отвара при крајот на оваа или почетокот на другата недела. Се гради мултифункционално игралиште исто така во моментот во Визбегово кое што ќе се отвара на почетокот на идната недела. Се гради сличен ваков спортско-рекреативен центар исто така во Бутел 1, исто така во Бутел 1 во моментот се гради и еден голем убав спортски објект од затворен тип со вештачка трева, тоа ќе биде едно велелепно издание. Во основното училиште Свети Климент Охридски се гради исто така детско игралиште од над 200 метри квадратни, исто така следната недела ќе се отвори.
Инвестираме во образованието, тоа е битно да го споменам, наскоро две училишта ќе добијат два сосема нови информатички кабинети. Градинките ќе добијат нова опрема исто како и лани, се грижиме исто и за градинките нормално.
Она што би сакал на крајот да го истакнам е дека буџетот е во финална фаза, на седница на 29 месецот се надевам дека ќе го поминеме и тоа едногласно од сите советнички групи бидејќи го работевме заедно. Но она што е најважно е го работевме заедно со граѓаните и во таа смисла баш местово каде што сме тука ете најавувам еден мега проект за следната година, а тоа е целосно уредување на кејот на реката Серава, проект кој што го најавувавме уште на почетокот па и пред кампањата. Но во оваа ситуација би сакал да истакнам дека Советот на општина Бутел пред извесен период помина една одлука за земање на обврзница која што еве апелирам, иако она што го следиме во блисково минато е дека владата нема намера да даде зелено светло, за мене од неразбирливи причини бидејќи тоа е на штета на граѓаните, но од таа обврзница практично и зависи и овој голем велелепен кеј и практично тој проект кој што веќе скоро 9 месеци го правиме и некаде на почетокот на јануари следната година ќе биде готов. Така да во таа смисла ете би сакал иако не верувам, гледам каква е тенденцијата би сакал да упатам еден апел како градоначалник на Бутел, како човек што ја добил довербата од граѓаните, да се вразуми премиерот Ковачевски и владата и да дадат зелено светло за обврзницата бидејќи покрај тој проект ќе има и еден куп други проекти како асфалтирање на улици и други вакви спортски рекреативни комплекси и многу подземја ќе се работи, канализации и така натаму, навистина многу битни и важни работи за граѓаните на општина Бутел, рече Костовски.