ИТНА, БРЗА И ОСТРА РЕАКЦИЈА СО ЗАВРШНИЦА ОД СТРАНА НА МВР ВЕДНАШ!, вели Дарко Костовски, грдоначалник на општина Бутел, кој реагира за инцидентите во автобусите со број 57-ца.
-Оставив неколку дена се со цел да не предизвикам дополнителна паника. Но после вчерашниот случај кој е дел од низа случаи насилство во автобусот 57ца, каде веќе извесен период особено во последниов месец на територија на општина Чаир се напаѓаат деца од Радишани и Бутел враќајки се дома од центарот на градот.
Чашата е прелиена, како градоначалник на општина Бутел лично од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски барам брзо, остро, и без никакво заташкување да реши овој проблем, додека не е предоцна.
Остро ги осудувам сите кукавички напади врз мирни млади деца кои дома ги воспитуваат дека насилството како опција не постои и треба да се остави во 19сетиот век.
Не сакам да верувам дека овие чинови имаат било каква позадина, и затоа велам насилството раѓа насилство и од таму сите надлежни органи ги повикувам да реагираат веднаш !
За неколку дена од сега како градоначалник на Бутел ќе организирам тркалезна маса на која ќе бидат повикани челниците на МВР, лидерите на верските заедници и претавници на загрижените родители, се со цел од блиску да ја следиме ситуацијата и да превенираме додека не е доцна. Доколку е потребно ќе формираме посебно тело за решение на оваа загржувачка ситуација.
Следиме будно!, пишува Костовски на Фејсбук.