Јас сум идеалист кој верува во промени, кој верува дека процесите мораат и можат да се менуваат на подобро, порача кандидатката за градоначалник на Центар, Наташа Котлар.
Јас сум и бескомпромисен борец за реализација на промените. Некои од нив можеби ќе бидат болни за поединци, но работите мораат системски да се решаваат во општа полза и јавен интерес, за да дојдеме до трајни и квалитетни решенија. Впрочем Центар не припаѓа само на нашите генерации. Треба да поставиме конечно здрава основа и за генерациите по нас. За Центар со душа, вели Котлар.