Скопје е најзагаден град во Европа, затоа:

– Ветувам дрворед на секоја улица и зелени оази наместо бетон
– Ќе ги лоцираме загадувачите и низ акционен план ќе ги елиминираме, ќе водиме бескомромисна казнена политика за загадувачите
– Ќе има ден без автомобили, што е светска практика
– Отпадот ќе се депонира и селектира со современи технологии
– Ќе поставиме автоматизирани јавни тоалети
– Редовно ќе го пошумуваме Водно
– Во мојот мандат нема да издадеме одобрение за градба на згради на Водно
За зелен и чист Центар!, вели Наташа Котлар Трајкова, кандидат за градоначалник на Општина Центар на ВМРО-ДПМНЕ.