-Денеска сме тука во Гази Баба, со Бобан Стевковски, човек што го знам долго време долги години и човек што вреди да ја води општина Гази Баба. Сакам да ги повикам сите граѓани во Гази Баба, кој одсекогаш ни ја давале довербата и сакале ВМРО-ДПМНЕ тука да биде локална власт но се разбира и централна власт, масовно да излезат, масовно да излезат за да победиме, сите заедно да победиме и да создадеме нова иднина, повика Мисајловски.

Мисајловски ги граѓаните на Гази Баба во недела да излезат масовоно и својот глас да го дадат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Бобан Стевковски.

-Бобан има одлична програма за секое мало, секое село, за секое населено место, со нови улици, нови паркови, со нова инфраструктура… многу проекти што се секој еден од вас ќе се пронајде во таа програма што ние ја гареантираме, затоа ајде да го направиме најголемиот резултат во Гази Баба. Ајде да ја завршиме работата во првиот круг и Бобан Стевковски да биде градоначалник и веднаш на се фати за работа, рече Мисајловски.

Тој додаде дека СДСМ изминативе четири години лажеле, па сега повторно истите лаги ги кажуваат во оваа кампања, и повика да му се даде шанса на Бобан Стевковски.

-Сакам на крајот да ви кажам дека остануват уште два дена од кампањата, овие четири години се изнаслушавме лаги, СДСМ постојано лажеше. Не само што лажеше изминативе четири години, сега слушаме дека во нивните програми и предизборна кампања повторно ги кажуват истите проекти кои пред четири години ги ветувале. Затоа, почитувани граѓани немојте повторно некој да ве измами, два пати кажана лага неможе да биде вистина, тие повторно нема да работаат, а ние имаме нови луѓе, имаме луѓе што ја сакат општината, што сакаат да работат и навистина вреди да им се даде шанса, затоа победникот се знае победникот во Гази Баба кој е, тоа е Бобан Стевковски, но затоа мора сите масовно да излезиме, не само во Гази Баба, потребна е победа во Скопје, потребна е победа во цела Македонија, порача Мисајловски.