Постапка против осомничениот за фаталната сообраќајна несреќа
Јавното обвинителство спроведува истрага против осомничениот за сообраќајната несреќа во која животот го загуби Фросина Кулакова. Случајот се квалификува како најтешко кривично дело од областа на сообраќајот, извршено со умисла, истакна денеска на прес-конференција државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Обвинението против осомничениот
Државниот јавен обвинител ги соопшти деталите.
„Станува збор за сообраќајна несреќа во која животот го загуби Фросина Кулакова. Според нашите сознанија, делото претставува најтешка кривична повреда во областа на сообраќајот и е сторено со умисла,“ изјави обвинителот Коцевски.
Коцевски за Јованов
Љупчо Коцевски изрази сочувство за семејството на Фросина Кулакова.
Дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје е осомничен дека на 29 јануари, како учесник во сообраќајот, управувал патничко возило „Пежо 207“, кое било во сопственост на неговиот татко.
- „Според првичните наоди, осомничениот возел по десната лента на булеварот Партизански Одреди, при што со несоодветна брзина, под дејство на алкохол, поминал на црвено светло и удрил во Кулакова додека таа преминувала на означен пешачки премин,“ соопшти Јавното обвинителство.
Јованов немал возачка дозвола, бил пијан и поминал на црвено
По убиството на Фросина Кулакова се одржуваат протести по скопските улици. Таа трагично го загуби животот на булеварот Партизанска пред пет дена, откако беше прегазена од 20-годишниот Васил Јованов. Тој пак бил пијан, без возачка дозвола, поминал на црвено светло. Има сомнежи дека бил под дејство на наркотици.
Јованов беше уапсен и доби 30-дневен притвор, но јавноста е револтирана бидејќи тој и претходно бил кривично гонет за сообраќајни прекршоци и недозволена употреба на дрога.
Два протести за Фросина Кулакова
Граѓаните во петокот излегоа на мирен протест, оставајќи свеќи и цвеќиња во чест на Фросина. Протестот кулминираше пред Кривичниот суд во Скопје, каде демонстрантите со црвени раце и повици „Убијци!“ испратија силна порака до институциите. Вчера повторно изгледоа на протест каде се испраќаа пораки за работа на обвинтелството, судиите, но и безбедност во сообраќајот.
Овој случај повторно ја отвори темата за застарените закони, неефикасниот судски систем и недоволните превентивни мерки за спречување на сообраќајните несреќи со фатален исход.