Како што вели Ковачев за БГНЕС, нема логично објаснување зошто Албанија, откако ги исполнила сите критериуми и за тоа има едногласност во Советот на ЕУ, да не ги започне преговорите за членство во Унијата, што би било многу позитивен знак за целиот Западен Балкан.
Според Ковечев, тој не добил објаснување од еврокомесарот Оливер Вархеји на прашањето за Албанија, но добил потврда дека добрососедските односи се дел од условите за почеток на преговорите, а кажал и дека Македонија и Албанија ги исполниле сите критериуми. Сепак, бугарскиот европратеник тврди дека Македонија сѐ уште не го исполнила тој критериум.
– Сакам Северна Македонија да напредува најбрзо кон ЕУ. Тоа секогаш е наша желба, но како што реков на седницата на Европскиот парламент, без наследството на Тито и комунистичката диктатура. За тоа наследство нема место во ЕУ. Тоа е поврзано со мнпгу омраза, дискриминација и репресии. За нив нема место во ЕУ. Како што им реков и на колегите во парламентот, не станува збор за банален историски спор или билатерално прашање, туку за прашање за основни човекови права, вели Ковачев.