Премиерот Ковачевски ја одби фрлената ракавица на Мицковски за лидерска средба во врска со уставните измени и предлогот на опозициската партија тие да се прават по хрватски терк. Одговарајќи на новинарски прашања Ковачевски и денеска му порача на Мицкоски да си делегираат претставник и партискиот став да го изнесат на работната група, пренесе ТВ24.

Лидерот на најголемата опозициска партија Мицкоски пак и вчера посочи дека во оваа фаза не гледаат потреба од тоа да имаат свој претставник во работната група и побараа лидерска и соочување со Ковачевски .

Од кабинетот на шефот на државата Пендаровски пак и денеска во краток разговор за ТВ 24 потврдија дека ќе делигираат свој претставник во работната група која ја иницираше и писмено министерот за правда Лога.

Не се исклучува можноста тоа да биде Александар Спасов а свои претставници ќе имаат и владините коалициски партнери но дополнително официјално ќе информираат за имињата . Дел од аналитичарите пак во гостување на ТВ 24 велат дека уставните измени нема да го доведат во прашање идентитетот, додека пак поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров посочи дека мора да се води сметка и за меѓуетничките односи.

Во јавноста веќе излегоа дел од имињата за кои се шпекулира дека ќе бидат во работната група како што се академик Владо Камбовски, професорите Рената Десковска, Александар Спасов, Беса Арифи, поранешната судијка Маргарита Цаца Николовска, како и професорот во пензија Светомир Шкариќ. Се очекува овие имиња да бидат дел од шесторката која ќе ги прави амандманите за уставните измени.