Одговарајќи на новинарско прашање дали се плаши дека му се подготвува пуч во партијата и тоа од страна на неговиот претходник Зоран Зав, како што објавија некои медиуми, премиерот Димитар Ковачевски вели дека не се плаши.

Впрочем, како што кажа, тоа е демантирано и од самиот Заев, додека во СДСМ, одлуките ги носат телата на партијата.

„Прво јас не сум човек кој што се плаши. И тоа сум го потврдил до сега.

Второ самиот поранешен претседател на СДСМ ги демантираше во јавноста тие наводи кои беа наведени.

И сите одлуки кои се носат во СДСМ се носат на официјалните тела на партијата – Извршниот одбор, Централниот одбор, раководството – без ниту еден глас против“, кажа Ковачевски.